На 02.12.2024 во 18.20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 41 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба., биле пронајдени пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
На 02.12.2024 во СВР Битола било пријавено дека во барака сопственост на месна заедница во село Долно Оризари, битолско, настанал пожар. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.






