Press "Enter" to skip to content

Утре стартува скијачката сезона на ски-центарот “Копанки“, жичарата утре ќе се користи бесплатно

Екипи на “ЕСМ Молика“ Битола ги наоравија и последните подготовки за старт на скијачката сезона на ски-центарот “Копанки“. Екипи на “ЕСМ Молика“ Битола направи се од себе да ја оспособи стазата на жичарница за да има успешен старт, за љубителите на скијањето и бордањето да ужуваат по ски-патеката.

-Ски-центарот “Копанки“ е подготвен да ги исполни Вашите очекувања. Ве известуваме дека започнуваме со работа утре, сабота, 07.12.2024 година, со што напоменуваме дека стартот на скијачката сезона и за сите посетители кои сакаат да уживаат во снежната идила ќе биде бесплатен во текот на целиот ден, соопштија од “ЕСМ Молика“ Битола.

Претходно по барање на “ЕСМ Молика“ по координативниот состанок за зимската сезона на Пелистер, ЈП “Комуналец“ изврши кастрење на гранки на потегот кој е под нивна надлежност, се со цел побезбеден сообраќај за туристите во сезоната што претстои.

More from ВестиMore posts in Вести »