Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: утрово во 5 часот 19 годишна со “ауди“ тешко повредила пешак, лице од обезбедувањето нападнало вработена, приведување за марихуана

На 07.12.2024  во 02.45 часот во СВР Битола М.М. (19) од  Битола пријавила дека во угостителски објект во Битола каде била вработена, била физички нападната од вработен како обезбедување во истиот локал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Утрово во 05.11 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Прилепска“ во Битола патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки управувано од 19 годишна жена од село Крклино, битолско удрило во 39 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила возачот на “аудито“ констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 06.12.2024 во 19.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Ресен и полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода 51 годишник од с.Грнчари, ресенско. По добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошни простории, сопственост на лицето во с. Грнчари и при претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување на канабис… По документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

More from ВестиMore posts in Вести »