На 09.12.2024 во 23.20 часот во СВР Битола, Х.Г. (30) од Битола пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од сосед на возраст од 40 година од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 09.12.2024 во 17.00 часот во СВР Битола, О.М. (48) од Охрид пријавил дека околу 16.00 часот настанал пожар во движење во неговото патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, додека го управувал на патот Ресен – Битола, кај место викано „Ѓавато“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.
На 09.12.2024 во 14.20 часот на ул.„Смилевски Конгрес” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 48 годишно лице од Битола, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.






