На покана на директорката на Центарот за Култура – Битола, Маја Андоновска – Илиевски, кошаркарите на Пелистер беа дел публиката на битoлската премиера на филмот “Дражен“, посветен на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ.
Филмот кој е сниман во чест на “Кошаркарскиот Моцарт“ како го нарекуваа Дражен Петровиќ, кој цела кариера важеше за беспрекорен професионалец, а токму таквиот пристап му го овозможи и епитетот “Кошаркарска легенда“, не само на просторите на поранешна Југославија и ширум Европа, туку и од другата страна на Атлантикот.
-Оваа прекрасна спортска приказна е добра поука за сите сегашни, но и идни спортисти дека само со максимална посветеност и работа може да се стигне до самиот врв… , порачаа од КК Пелистер.

Фото вест: кошаркарите заеднички го гледаа филмот за легендарниот Дражен Петровиќ
More from ВестиMore posts in Вести »
- Нема “карти“ за вечното ракометно карти Еуеофарм Пелистер – Вардар во Битола, веднаш распродадени
- Деновиве пред 10 години: пропадна камион на Широк Сокак во Битола
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 13 степени
- Пелистер не се снајде во завршницата на натпреварот, ТФТ победи во Битола (фотогалерија)
- Пелистер Волеј од Битола победи во Скопје за крај на есенскиот дел од сезоната





