Пелистер Волеј – Форца Волеј Ема 3:0 (25:11; 25:11; 25:16)
Во последното коло од есенскиот дел на Втората одбојкарска лига на Македонија, во Битола одбојкарките на Пелистер Волеј со победа над екипата на Форца Волеј Ема во рамките на последното 11 коло.
Во екипата денес блескаа капитенот и лидер Стефани Најдановска како и младата Ања Сековска, која на најубав можен начин ја оправда довербата на стручниот штаб и максимално одговори на позицијата коректор, место кое природно му припаѓаше на далеку поискусните Белокозовска и Ристевска, со што сериозно се наметнува како голем потенцијал во иднина, дотолку повеќе што таа исто така заблеска на натпреварот со Бами Кор од Тетово минатиот викенд.
–За сето ова во одбраната одлично одработија двете либера Ицковска и Талевска, како и веќе стандардната Антонија Стојковски, а техничарката Јовчева по којзнае кој пат покажа дека има огромен капацитет како организатор на играта, која со својата умешност и креација ја подигани екипата на едно ниво кое дели од се она што сме научиле да го гледаме до сега во нашата екипа, па и нашите средни блокери Лиле и Марија сосема заблеска во полн сјај оваа полусезона, вели Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј.
Да го забележиме и симболичното враќање на терен на повредените Андоновска и Белокозовска, па иако одиграа само неколку поени убаво беше да се забележи нивната радост и желба за игра, за што тренерите свесно им дадоа епизодна, но многу значајна поддршка кога ги ставија во игра.
Пелистер Волеј во есенскиот дел забележа 9 максимални победи и сите со 3:0, од вкупно 10 натпревари и само еден тесен пораз од 1:3, па сега безбедно ќе презими на втората позиција, а битката за уште подобар учинок, со надеж дека конечно ќе бидиме комплетни ќе ја продолжи напролет.
Фото: Дамијана Ристевска










