Press "Enter" to skip to content

Битола ангажирана за Св. Никола, половина битолчани чекаат слава, другата им доаѓа на слава

Според бројот на битолчани кои попладнево и вечерва ги имаше во централната црква во Битола, “Св. Димитрија“, кои “креваа леб“, изгледа дека најголем број жителите на Битола го имаат Свети Никола, за своја куќна слава.

Попладнево во црквата “Св. Димитрија“ домаќинките ги наместија свечената погача, пченицата и виното за свештеникот да ги “испее“ и со тоа да го направат обичајот “кревање на леб“, во чест на Свети Никола, заштитник на морепловците, децата, сиромашните…

-Многу е “ богат“ Свети Никола, нема друга слава како оваа, нека е напомош на сите нас, кои го славиме Свети Никола како куќна слава, која не пропушта, симболично да принесе жртва на светецот – леб и вино, секоја година откако знае за себе, па така и оваа година, со зборуваа меѓу себе битолчани во “Св. Димитрија“.

Дека Свети Никола “е богат“ посебно во Битола, покажува и тоа што на овој ден сите битолчани се ангажирани.

Првата половина се подготвува за вечерашната слава, подготвуваат посна трпеза во чест на светецот, а останата половина се подготвува да отиде на гости кај оние кои ја слават оваа куќна слава, а како знаат да речат понекогаш,  битолчани, Свети Никола е празник на цела Битола. Па, затоа битолчани, да го славиме Свети Никола, чудотворецот, и нека биде на било кој начин во, и со секое семејство во Битола.

Утре продолжува славењето на светецот, а тоа ќе го направат оние кои чекаат именден.

More from ВестиMore posts in Вести »