Денес, во Битола, во слава на преподобниот Нектариј кој тивко и достоинствено се преселил во вечното царство Христово, на 5 декември 1500 година, верници од Битола денес во храмот “Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, од каде со света литургија Владиката Петар и други свештени лица беше одбележан на Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на Битола.
По службата се пристапи кон Светата Причеста, каде од виното-крвта Исусова, се причестија голем број верници.
Потоа, според востановената традиција, низ повеќе битолски улици се одржа Литија која ја предводеа Владиката Петар, а во литијата беше градоначалникот на Битола Тони Коњановски со сопругата и голем број на верници од Битола.
Оваа година, Општина Битола, токму како поттик за младите генерации по повод чествувањето на Свети Нектариј Битолски, додели награди за талентираните ученици, кои со својот неуморен труд, постојано го збогатуваат своето знаење, а за тоа имаат одредени признанија. 

Во Битола света литургија и литија во чест на Св. Нектариј Битоски, заштитник на градот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





