Press "Enter" to skip to content

Проект “Не за малолетнички бракови“ на “Сумнал“, едукативно предавање на доктор Ели Димовска

Во рамки на проектот “Не за малолетнички бракови“ кој го реализира “Сумнал“ од Битола се одржа едукативното предавање со доктор Ели Димовска од ПЗУ “Д-р Ели“, која на присутните им понуди драгоцени информации и насоки за важноста на здравјето на малолетните лица при склучување на малолетнички бракови.

Докторката Димовска нагласи дека ранoто влегување во брачни односи носи сериозни здравствени, емоционални и психолошки ризици, како за девојчињата, така и за момчињата, и упати порака:

-Едукацијата е клучна за спречување на малолетничките бракови. Мораме да им овозможиме на младите пристап до информации за репродуктивното здравје и да ги охрабриме да ги искористат можностите за образование и личен развој. Секое дете има право на детство, здрав живот и иднина исполнета со потенцијали.

Докторката повика на поголема вклученост на семејствата, заедниците и образовните институции во напорите за превенција на малолетничките бракови. Таа истакна дека со заеднички напори, можеме да создадеме општество кое ќе ги заштити најранливите категории и ќе им понуди можности за безгрижно детство и здрав развој.
More from ВестиMore posts in Вести »