“Фрагмент филм“ продукција ја известува јавноста дека денес, петок, 27.12.2024, во Битола ќе снима сцена од долгометражниот игран филм “Трампи”, во режија на Ѓорче Ставрески.
За потребите на филмската екипа и сцената, сообраќајот на дел од ул. “Индустриска” и дел од ул. “Македонски Гемиџии” во Битола (кај железничкиот премин) повремено ќе биде затворен. Снимање ќе се одвива во период од 10:00 до 15:00 часот.
Ве молиме почитувајте ги насоките на полицијата.
Ви благодариме за поддршката.
Со почит, “Фрагмент Филм“ Скопје.






