Учениците со своите професори од Медицинското училиште “Д-р Јован Калаузи“ од Битола организираа хуманитарен кристмас маркет со цел да соберат средства за децата со посебни можности.
Во текот на маркетот, кој беше одржан на 26 декември во спортската сала на училиштето, учениците презентираа свои креативни производи, вклучувајќи рачно изработени украси, декорации и слатки, кои беа понудени на продажба.
Собраните средства беа донирани во една од институциите за деца со посебни можности, се донираа: 3 прочистувачи на воздух, 6 постелнини, 6 ќебиња и 6 перници за учениците во интернатот, 51 новогодишно пакетче за овие деца.
Овој проект беше дел од иницијативата за развој на хуманите вредности кај младите и поддршка на локалната заедница.
Организаторите се гордеат со успехот на настанот, кој ги поттикнал учениците да се вклучат во активност која има за цел помош на оние на кои им е најпотребно.
Благодарение на нивната посветеност и солидарност, овој хуманитарен маркет беше значаен чекор во создавањето на едно поопштествено и емпатично опкружување.

Хуманитарен Божикен маркет на Медицинското училиште Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во завршна фаза на изградба е новата боксерска сала
- Универзитетска летна пракса 2026
- СВР Битола: 6 годишно дете тешко повредено на електричен тротинет, приведување за марихуана и приведувања за возење без возачка и возење во забранета насока
- Убиство во Битола, сопруг ја убил 31-годишната жена во населбата Баир
- Во Битола попаднево услови за дожд





