На 04.01.2025 во 00.20 часот,полициски службеници од СВР Битола на ул. “Илинденска“ во Битола, во врска со чл. 215 од кривичен Закон лишиле од слобода 22 годишник од Битола. При преглед кај истиот била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 03.01.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Битола во паркот кај Стив Наумов во Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 39 и 35 години двајцата од Битола. При преглед кај едното лице. била пронајдена прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. Од страна на полициски службеници второто лице било спроведено во КПУ Затвор Битола бидејќи истиот со судска наредба се барал за издржување на затворска казна во траење од 30 дена.






