По повод Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги избра најдобрите и најзаслужни научници во академската 2023/24. Ректорскиот колегиум на УКЛО врз основа на извештај од Работна група за проверка на пристигнати пријави за избор на најдобри научници на УКЛО за академската 2023/24 г. ги објави своите најдобри научници.
Пофалница во категоријата најплоден научник на УКЛО е доделена на проф. д-р Андријана Боцевска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.
УКЛО втора година по ред продолжува со избор на најдобри научници на Универзитетот? Како гледате на промоцијата на науката на УКЛО и значењето на научната дејност за општеството
-Научната активност е основата на општестевениот напредок. Промоцијата на науката на УКЛО е клучна за понатамошниот развој на универзитетот како центар на знаење и иновација. Преку истакнување на влијателните инстражувања спроведени на УКЛО и зголемување на дигиталната видливост, УКЛО создава трајно влијание, како на локално, така и на глобално ниво. Понатаму, градењето партнерства со индустријата го претвора научното истражување во реални апликации, кои го поттикнуваат иновацискиот и еконоскиот раст и ја обликуваат иднината.
Кое е Вашето поле на научна опсервација и воедно, најважнотонаучно достигнување во оваа академска година?
-Моето поле на научна опсервација се компјутерски технологии и инженерството.Оваа академска година покрај активностите со објавувањето на трудовите бевпосветена и на успешната реализација на проектитесо акроним DIRA и SОLVE и промовирањето на новата опрема, меѓу другото и првата купола за виртуелна реалност на поширокиот балкански простор која претставува основа за Центарот за виртуелнo инженерство.
Може ли да ни кажете повеќе за вашиот следен предизвик?
-Мојот фокус ќе биде ставен на проектот COLOURS како и соработки на идни проекти кои се однесуваат на глобалните предизвици користејќи технологија и иновации. УКЛО како единствен партнер од западен Балкан во Алијансата на Европски Универзитети COLOURS се стреми кон академска искучителност, иновативни предавања и учење и стекнување широки квалификации за студентите и кадарот. Се разбира, како постојан предизвик тука е и константната наставно-научна дејност на Факултетот за информатички и комуникациски технологиии соработката со студентите.
Што според Вас значи да се биде научник и што треба да се направи за да се овозможи попродуктивен научно – истражувачки процес од кој ќе произлегуваат најквалитетни научни трудови?
-Да се биде научник значи да се поместуваат границите на она што го знаеме и практикуваме и да се биде олицетворение на љубопитноста, интегритетот и посветеноста на систематското истражување. Со цел подобрување на научно-истражувачкиот процес потребно е подобрување на пристапот до ресурси, модерни лаборатории и напредни технологии, како и поттикнување на транспарентноста за отворен пристап до публикации. Исто така, од клучно значење е поттикнувањето на практики за менторство и едукација, со цел инвестирање во развојот на следните генерациии на научници.






