За време на зимскиот распуст, за учениците, но и за сите грагани на општина Битола ќе биде обезбеден бесплатен превоз до ски центрите Нижеполе и Копанки.
Превозот ќе го врши JП “Пелалинк, почнувајки од 10.01.2025 (петок), секој работен ден до 17.01.2025 (петок) и истиот ќе се одвива на следните две линии:
Линија 1 – Нижеполе и
Линија 2 – Копанки
Поаѓање за двете линии:
08:30 – Ракометно
08:30 –Карпош
08:35 – Симпо
08:35 – Атпазар
08:40 – Болница
08:40 – Бела чешма
08:45 – Ружа Делчева
08:45 – Шехерезада
08:50 – Орбис
08:50 – Црн мост
08:55 – Веро
08:55 – Довлеџик
Враќањето за двете линии е во 14:30 часот.






