Вчера и денес главна тема во Битола е мазникот со паре, а битолчани кога ќе се сретнат се прашуваат, каде ќе се берите, на кој му “падна“ парето.
Скород нема домаѓинка или домаќин, чест на искличоците, нема да праша дали ти се “погоди“ тестото, дали искисна мазникот, а оправдано, сега е современо, брзо време, никоја нема време, а и бидејќи сега друг им “бери“ гајле.
Една од пекарите која и оваа година им го “бери“ гајлето на домаќинките и домаќините е пекарата “Алекдандар“ која се наоѓа во “Карпош“, а сопственикот Александар Петровски за ангажирањето за Василица вели:
-Имаме доста работа за празникот, а по традиција додека битолчани два дена празнуваат, вчера и денес, вртат паре со пријатели, со колеги, со комшии, со соученици…, ние два дена максимално работиме, и се трудиме покрај потешкотиите на секој да му излеземе во пресрет, па и на оние кои заборавиме на време да порачаат. Измесивме многу мазници со сирење, ставивме паричка во сите да нема изненадување, а оваа година може да се пофалиме со наш рекорд. Мајсторите Кире и Драган направија мазник со сирење со пречник од 1 метар и 20 сантиметри, односно колку бери печката.
Како велат мајсторите за мазникот потрошиле 4-5 килограми брашно и 2 килограми сирење, а за искусните познавачи на својот занает ова не било тешко, но одговорно одговориле на предизвикот, големото друштво заедно да го направи адетот, но и да ужива додека го јадат мазникот.
С.Ристевски





