Press "Enter" to skip to content

Џеваир Јакупи, бурекџилница “Фреш“ Битола: од година во година правиме повеќе мазници со паричка (фото)

Во Битола традиционално за дочек на Православната Стара – Нова година и празникот посветен на Свети Василиј Велики – Василица се одбележуваат со мазник во кој има паричка, за која се мисли дека на оној кој ќе ја најде ќе му донесе среќа во годината која денес започнува “по старо“.

И годинава се помалку има домаќинки кои сами дома засукуваа мазник, а наместо тоа сега порачуваат. Како одминуваат годините стариот обичај дома да се засука мазник се заменува со порачување на мазник  за прослава на празникот во Битола, во сегашно “современо“ време.Џеваир Јакупи од бурекџилницата “Фреш“ која се наоѓа кај Саат кулата во Битола вели дека и оваа година имаат полни раце работа.

-Како поминуваат годините така и расте побарувачката на мазници со паричка за Василица. Порачки има многу и затоа мораме со список, за одреден ден, а за вчера и денес правиме списоци и според часот кога се подигнуваат мазниците. Да нема забуни кај муштериите и да ја намалиме гужвата за да можеме да работиме, им издаваме парагон со наведен час и со колку кори. Како реков и оваа година имаме повеќе порачки. Имаме поединечни мали мазничина, стандардни кои ги правиме најмногу,  а секако правиме и посебни мазници во разни големини по порачка на битолчани, со четири, шест или осум кори. За тоа колку мазници направиле деновиве откако од петокот започна “вртењето на парето“ во фирмите, вчера по рестораните и домовите, и денес со семејствата, Јалкупи ни рече:

-Деновиве ни е најбитно и се надевам дека денес никого нема да оставиме без мазник за да дома или со пријателите и колегите. Разлислуваме во таа насока, сите сме како гледате, вонредно ангажирани во таа насока. Кој може се да изброи во оваа гужва, а денес само можам да им порачам на битолчани честита Василица, Стара – Нова година и среќа на оние кои го најдоа парето.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »