Многу битолчани се отселија од Битола по белиот свет, но пријателствата секогаш остануваат посебно кога се од младоста, од средношколските денови.
Таков е промерот со нашите сограѓани Никола Колевски, Стефан Мицевски, Дамјан Велковски, Димитар Елковски, Крсте Рајчевски, Петар Јосифовски и Петар Стојковски, кои светското првенство го искористија за нивно посебно другарување.
-Тргнавме на 12 јанури од Битола стигнавме во Марибор кај нашиот другар, Дамјан Велковски, таму го направивме адетот, завртивме традиционално паре во мазникот, а најповеќе среќа имаше Мартин Стојковски. Потоа се упативме во Вараждик, а ние сме верни навивачи “Чкембари“, а огнено ја бодриме нашата репрезентција, истаакнаа.
А дека се верни навивачи се глада на трибините каде се со свој стил, и во фан-зоната каде го имаа главниот збор.
С.Ристевски






