Press "Enter" to skip to content

Бенифиции за учеството на студентите во КОЛОРС и во најновиот Конкурс за стипендии на УКЛО Битола

По една година учество на УКЛО во Алијансата КОЛОРС, како нова европска одредница на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, се зголемуваат и бенефитите за студентите вклучени во активностите на овој сложен универзум. Тоа се одразува во сите сфери на студентската поддршка, а најнов пример е вреднување на нивниот активизам во КОЛОРС што се посочува како посебен момент во Конкурсот за доделување 40 награди стипендии во три категории.

Како што е познато, УКЛО во празничната честитка до студентите го промовираше Конкурсот: https://uklo.edu.mk/blog/praznicna-cestitka-do- studentite-i-konkurs-za-izvonrednost/ што опфаќа три категории: Највисок успех во студирањето, Најдобри трудови на студентската конференција и Извонредност во студирањето, за сите студенти запишани на прв циклус студии. Во оваа ктегорија 15 партиципации се доделуваат според критериум постигнат успех и ангажираност во активностите на УКЛО, меѓу кои и КОЛОРС учество, категорија во којашто студентите потребно е да се пријават најдоцна до 31.01.2025 година

 https://docs.google.com/forms/d/1Oon8_bm2MCG3jY2V-
ukcV1Jo3psMsyVCnNVl-PEi_c0/edit

Од Ректоратот на УКЛО нагласуваат дека – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во бројните напори и активности за поддршка на УКЛО студентската заедница, со цел да им се даде заслужено признание на студентите кои покажаа извонредност во студирањето, во соработка со Амбасадата на НР Кина во Скопје обезбеди 40 награди – стипендирање во висина на едногодишна уписнина за редовни студенти на прв циклус студии (12.600 денари) и како што е објаснето во Конкурсот, наградите се доделуваат во три категории.

Академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска смета дека вака посоченото вреднување на КОЛОРС студентскиот ангажман, претставува дополнителен импулс за нивно учество во настани на ниво на европската универзитетска алијанса КОЛОРС. Воедно, таа потенцира дека ваквите КОЛОРС активности во комбинација со „Правилникот за вреднување на воннаставните активности на студентите на УКЛО“ и бројните начини на препознавање и вреднување на студентскиот активизам во рамките на УКЛО КОЛОРС, им овозможува на проактивните студенти да ги градат своите знаења, вештини и компетенции – и своето CV на апликативен начин.

За учеството во различните предизвици што ги нуди Алијансата, УКЛО и претходно започна со соодветно вреднување и наградување. Најновиот Конкурс е уште едно камче во тој мозаик – студентите да имаат корист од посветеноста и работата во КОЛОРС – во улога на организатори, реализатори и корисници на ефектите и придобивките од овој „мотор“ на напредокот.

More from ВестиMore posts in Вести »