Битолскиот театар изминатите месеци успеа да реализира повеќе премиери на театарски претстави, успеа да ја зголеми посетеноста на изведбите, успеа да го врати театарот на публиката.
Како што беше ветено за оваа година, да се стави фокус на претстави на македонски автори и режисери, тоа започна да се реализира. Имено 2025 Битолскиот театар ја започнува со праизведба на македонскиот текст “Жиголо“ од авторот Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски.
Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Благој Мицевски а музиката на Марјан Неќак, драматург е Оливера Павловиќ. Во претставата играат Марјан Георгиевски, Соња Михајлова, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илиевски и Никола Пројчевски.
Претставата ќе биде реализирана од сопствени средства а премиерата е закажана за 1 март 2025.