Press "Enter" to skip to content

Бобан Стајиќ: со победа да ја прекинеме лошата серија порази и лоши игри

Кошаркарите на Пелистер денес во Битола во 18.30 часот го пречекуваат Гостивар во рамките на македонскиот шампионат. Желба на сите во зелено-белиот табор е да се остави зад себе турбулентниот период по поразите од МЗТ Скопје и од Куманово.

-Играме многу важен натпревар пред наша публика и имаме можност да ја прекинеме серијата порази и лоши игри. Загубивме од Гостивар на првиот натпревар и тоа сигурно е мотив повеќе за нашата екипа. Се среќаваме со ривал што игра брзо во транзиција и ќе мораме да обрнеме повеќе внимание на нашата одбрана доколку сакаме да стигнеме до позитивен резултат. Натпреварот со Гостивар е одлична шанса да излеземе од кризата и да почнеме да играме како што се очекува од нашиот тим, изјави Бобан Стајиќ, еден од најдобрите кошаркари на КК Пелистер оваа натпреварувачка сезона.

Кошаркарите тренираа напорно во изминатите денови, со желба да се најде излез од резултатската криза и Пелистер конечно да заигра во рамките на потенцијалот што оваа екипа го поседува.