Press "Enter" to skip to content

Пелистер направи пресврт од -18 во второто полувреме и го победи Гостивар на дебито на Трајковиќ (фотогалерија)

Пелистер – Гостивар 89:78

Вечерва во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ кошаркарите на Пелистер се вратија на победите во Првата македонската кошаркарска лига во рамките на 15. коло, победувајќи ја екипата на Гостивар.

Првото полувреме покажа бројни слабости во играта во одбраната што гостите безмилосно ги казнуваа, но затоа Пелистер заигра извонредно во вториот период, правејќи голем пресврт за убедлива победа на дебито на новиот тренер на нашиот тим, српскиот стратег Ненад Трајковиќ.Гостите подобро го отворија натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 23:32, а проблемите на Пелистер продолжија и во голем дел од вториот период. Гостивар ја зголемуваше предноста и во 15. минута имаше огромни 18 поени предност (29:47).“Пелитерци“ конечно ја консолидираа одбраната и до крајот на полувремето ја спуштија разлика под десет поени, а откако на одмор заминаа со 46:55, во вториот дел на теренот се појави сосема поинаква екипа, со победнички дух и желба за победа.Кошаркарите на Пелистер одиграа неверојатен трет период во кој на противникот му дозволија само седум поени, па по 30 минути игра нашиот тим дојде до целосен пресврт (67:62).

Бојиќ и Антоан во овој период од играта, носени и од колективниот дух, го водеа тимот до пресврт.

„Зелено-белите“ беа решени да продолжат во ист ритам, не дозволувајќи му на гостинот да се врати во натпреварот.

Тројките на Стајиќ и на Лука Стојановски го донесоа првото двоцифрено водство на домашниот состав (80:68), по што позитивата беше рутински одржувана до самиот крај и конечните 89:78.Aндрија Бојиќ со 26 поени, а дополнето и со 11 скока, беше прво име во Пелистер, а Антоан заврши со 17 поени и четири асистенции. Мишковиќ постигна 15 поени дополнети и со 11 скока, додека Стајиќ заврши на 13 поени.Кошаркарите на Пелистер во следното коло од Првата лига му гостуваат на тимот на Кожув во Гевгелија

More from ВестиMore posts in Вести »