Press "Enter" to skip to content

Лекарите Христо Бојаџиев и Игор Неделковски на семинарот на ФФМ – „Ургентни состојби и траума во фудбалот“

Фудбалската федерација на Македонија го спроведе годишниот семинар за доктори и физиотерапевти на тема „Ургентни состојби и траума во фудбалот“ на кој учество земаа доктори и физиотерапевти од Битола кои работат со фудбалските клубови од Битола. Настанот го проследија тимските доктори и физиотерапевти од националните репрезентации, како и клупските доктори и физиотерапевти од Прва и Втора МФЛ и од Прва ЖФЛ, а на семинарот докторите од Битола, д-р Игор Неделковски и д-р Христо Бојаџиев.Организирана од Секторот за медицина и антидопинг и поддржана од УЕФА, медицинската работилница се одржа на 25 и 26 јануари 2025 година во хотел „Хилтон“ и истата имаше за цел да им ги презентира на тимските и клупските лекари и физиотерапевти најновите знаења и техники поврзани со ургентните медицински состојби во фудбалот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »