Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј со прва победа во пролетниот дел на првенството (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Универзитет Тетово 3:0

(25:11; 25:09; 25:08)

Пелистер Волеј од Битола конечно беше комплетен и го отвори пролетниот дел од полусезоната, онака како што и претходно најавуваа со убедлива победа над екипата на Универзитет од Тетово со 3:0 по сетови (25:11; 25:09; 25:08), а натпреварот се одигра во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола .Најефикасни беа коректорката Белокозовска и капитенот Најдановска, за истакнување е и успешното враќањето по повеќе од една година и на искусната Софија Садик, како и доброто издание на Лозановска, Димитровска, Јовчева, Талевска и Ицковска, но и на младите Стојковски, Сековска, Андоновска, Тасевска и Атанасовска.По долго време битолските одбојкарки играа натпревар во салата Боро Чурлевски и секако тоа е од посебно значење за екипата која има амбиции и најверојатно ќе биди новиот суперлигаш од следната сезона.

Од клубот изразуваат огромна благодарност до Општина Битола затоа што им излегоа во пресрет за изнаоѓање на решение каде да ги играат натпреварите, зошто салата во која до сега ги играат првенствените дуели се реновира, односно се поставува паркет.Убаво е да се види како и одбојката се враќа во спортската сала “Боро Чурлевски“, каде за прв пат играше машкиот одбојкарски клуб во средината на деведесеттите, сега женската одбојка на голема врата најавува кам-бек во елитата, што за Битола ќе значи за прв пат да има екипи во сите елитни клупски натпреварувања.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »