Press "Enter" to skip to content

35 години традиција, одбележан Св. Атанасиј денот на берберите и фризерите (фотогалерија)

– Кумот Петар Трајковски го предаде кумството на Марија Неделковска. Синоќа во ресторанот “Милениум“ во Битола се одржа традиционална 35. берберска забава на која учествуваа скоро сите бербери и фризери од Битола. Одбележувањето на денот на берберите и фризерите Св. Атанасиј започна со кревање на леб од страна на кумот Петар Трајковски заедно со голем број бербери и фризери во црквата Св. Богородица во Битола. Традицијата ја започнуваат Миле Трајковски (дедото на Петар), Стевче Башлаковски и Борче Дишковски. Кумот за 2024/25 беше Петар кој е трета генерација бербер во семејството после дедо му Миле Трајковски и татко му Илче Трајковски и е еден од најмладите бербери познат низ Битола и старата битолска чаршија. Берберница “Тајковски” одбележува 65 години постоење. -Како секоја година и оваа година му посакувам на сите колеги многу среќа и успех. Да ја продолжиме оваа традиција и да го зачуваме духовното и традиционалното значење на овој ден, рече Петар. На традиционалната забава во Милениум синоќа кумството е предадено на Марија Неделковска сопственичка на “MN Hair Studio“. -За многу години денот на сите колеги и колешки. Пред 7 години на денешен ден го отворив мојот салон. Овој ден е посебен за нас и можам само да посакам на сите здравје, среќа и бериќет. Сите да си посакаме меѓусебно она што си посакуваме за себе и ќе бидеме посреќни и поисполнети, рече Марија.

Фото: Дамијана Ристевска