Денес, четврток, 13 февруари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 5 степени.
Утре, петок, 14 февруари, во Битола времето ќе биде умерено до значително облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 5 степени.






