Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен од Спортинг на гостувањето во Португалија

Спортинг – Еурофарм Пелистер 30:24 (14:13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола претрпеа пораз на гостувањето во Португалија кај тимот на Спортинг со резултат 30:24, полувреме 14:13 во рамки на 11. коло на Лигата на шампионите.

Отворањето во натпреварот во првиот меѓународен натпревар во оваа 2025 година беше во знак на промашувањата на “пелистерци“, а домаќинот дојде до предност од 3:0, а -3 беше  и на 6:3. Еурофарм Пелистер намали на 6:4, а потоа дојдоа и до израмнување, 7:7. Спортинг додје до 9:7, а потоа и 11:8. Следуваше тајм-аут на Раул Алонсо по што гостите дојдоа на -1  (12:11), а на одмор се отиде со 14:13.

На стартот на вториот дел “пелистерци“ успеаја да израмнат и се играше егал. Следуваше  серија од 4:0 по неколкуте промашувања на Пелистер за 21:17. Еурофарм Пелистер се врати на -2 (21:19) и тајм-аут на Кошта. По два гола на празна мрежа беше 24:20. Следеше дополнителен пад на играѕа на битолчани и нова серија на Спортинг, овој пат од 7:1 и резултат 29:21, за да натпреварот заврши со 30:24.

Најефикасен играч кај Еурофарм Пелистер беше капитенот Филип Кузмановски со шест и Осама Хосни со пет погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »