На 12.02.2025 во 23.20 часот на ул. “Христијан Тодоровски Карпош” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 33 и 41 година, двајцата од Прилеп, за тоа што при преглед кај нив, кај едното лице биле пронајдени грутчеста и прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 10.02.2025 во 20.40 часот на ул. „Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 31 годишник од село Бистрица, битолско и 36 годишник од Битола затоа што при преглед кај нив, кај првото лице била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 12.02.2025 во 16.11 часот во СВР Битола било пријавено дека во работилница во рудник Суводол настанал пожар. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 12.02.2025 во 11.50 часот во СВР Битола, Ф.М. (59) од село Ношпал, општина Могила, пријавила дека на ул. „Прилепска” во Битола била касната од куче скитник.






