Пелистер – Брера 0:0
Екипата на Пелистер одигра реми, без голови, на првиот пролетен натпревар во Битола, под Тумбекафе, на стадионот “Петар Милошески“, против Брера.
Новиот тренер на Пелистер, Срџан Захариевски, започна со двете засилувања кои се приклучија зимава во тимор, јапонацот Такахара и и русинот Тарасенко.
Отворањето на натпреварот помина во знак на “пелистерци“кои имаа почетна иницијатива, а тоа им донесе две шанси од прекин. При првиот Керим шутираше над голот на гостите, додека во вториот обид се одлучи да центрира, но повторно без резултат. Следуваше период на мирна игра со многу грешки на двете страни и брз некои поубави потези.
Во 30. минута домаќините бараа најстрога казна, поради наводна игра со рака на Стојилевски, но главниот судија не мислеше така и не ја прекина играта. Брера за прв пат се закани во 30. минута кога капитенот Ѓорѓиевски биеше силно од слободен удар, но топката заврши во корнер. Пред самиот крај на полувремето, Пелистер беше најблиску до гол за водство, но центаршутот на Такахара, капитенот Ивановски по ударот со со глава не го претвори во гол.
Вториот дел започна со прилика за гол на Брера, откако Ѓорѓиевски со серија дриблинзи си создаде простор за удар, но шутираше непрецизно и топката заврши покрај голот на Димовски. Веднаш потоа Пелистер повторно беше во шанса за гол, Тарасенко доби прецизна топка во казнениот простор, но биеше многу лошо.
До крајот на натпреварот Пелистер се ободуваше да наорави шанса за гол, но и по измените кои беа натправени од страна на Захариевски не вродија со плод, и натпреварот заврши со поделба по еден бод.
По 19. коло екипата на Пелистер се наоѓа на 7. место на табелата со 20 бода, а лидер на табелата е Шкендија со 40 бода.






