АД ЕСМ, подружница РЕК Битола денес им додели стипендии на најдобрите 10 студенти на Техничкиот факултет Битола, за академската 2023/2024 година. Стипендиите им беа доделени од страна на директорот на подружницата РЕК “Битола“, Тони Петрушевски, а во присуство на деканот на Техничкиот факултет Битола, проф. д-р Митко Костов.
Стипендистите добиваат финансиска поддршка од 80.000 денари годишно и се доделуваат за 10 месеци односно во текот на целата академска година. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, а стипендиите се продолжуваат еднаш годишно врз основ на исполнување на утврдени критериуми пропишани во договорите за стипендирање што, пак, се услов за продолжување на стипендиите.
Честитајќи им ја стипендијата, директорот Петрушевски, на студентите им посака успех во студиите и им порача стекнатото знаењето да го вложат во нашата компанија особено во унапредување на електроенергетскиот сектор.
Од своја страна студентите искажаа благодарност за доделените стипендии и покажаа подготвеност работната кариера да ја остварат во комбинатот.
Ова е востановена практика на АД ЕСМ повеќе од 12 години и претставува директна поддршка на образовниот процес што нашата компанија ќе ја продолжи и во иднина.

АД ЕСМ додели 10 стипендии на студенти од Техничкиот факултет Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Триото „Интерарт“ од Битола со концерт во Македонскиот КИЦ во Загреб
- Денот на државноста на Хрватска одбележан во Битола (фотогалерија)
- Виктор Трчков освои бронзен медал на Балканското џудо првенство за деца во Битола (фото)
- Половина век спомени: Генерацијата 1975/76 од гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола одбележа 50 години од матурата (фото)
- Дновиве пред 10 години: “Крани“ во 2016 кога со него стопанисуваше “Капри“ од Битола (фотогалерии)





