Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: засилени сообраќајни контроли, 347 исконтролирани возила и возачи, без возачка дозвола 10 возачи

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на вчерашниот ден (17.02.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата.

Притоа, вкупно беа издадени 78 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 26 платни налози.

Според статистичките показатели, од 347 вкупно исконтролирани возила и возачи, прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење предничат така што евидентирани се вкупно 20 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола – 10, како и возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол-1.

Покрај ова издадени се и 2 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 6 – по основ на зборување на мобилен телефон при возење, откриени се и 21 непрописно паркирани возила.