Press "Enter" to skip to content

Јапонски грант за ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола за реконструкција на покривот

Преку „Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP)“ Јапонија обезбеди поддршка за реализација на проекти во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани и основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола.

-Проектот за реконструкција на покривот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола, во вредност од 80.314 евра, ќе помогне за подобрување на образовната средина за учениците, информираат од Амбасадата на Јапонија.

За таа цел беа потпишани договрите од страна на амбасадорка на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара со директорите Рената Пешиноска на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани и Предраг Созовски, директор на основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола.

-Ова е втор пат да сме приматели на јапонска помош. Со овој втор добиен грант и по висината на одобрените средства, покрај РСМ, Јапонија преставува најголемиот поддржувач и помагач во реализацијата на воспитно – образовниот процес во училиште. Оваа донација ќе овозможи подобри услови за реализација на наставниот процес правејќи го нашето училиште по безгрижна и по безбедна училишна средина, рече директорот на ОУ “Св. Климент Охридски“, Предраг Созовски.

More from ВестиMore posts in Вести »