Тоа што се продадоа влезниицте експресно, а денес во Битола главно прашање низ чаршија, на Широк Сокак и по кафичи беше “дали имаш карта за вечер за на ракомет“ беше доволна гаранција дека вечерва во спортската сала во Битола ќе има извонредна ракометна атмосфера.
Така беше пред почетокот на натпреварот, со навивање, зелено бели шалови, публика во дресови на Еурофарм Пелистер.
Како одминуваше натпреаварот од минута во минута така и растеше водството на Еурофарм Пелистер над Алкалоид, а така и атмосферата беше поубава и поубава.
Гордост беше да се биде битолчанец вечерва кога “зелено-белите“ го декласираа Алкалоид.
Како и по обичај по завршувањето на натпреварот навивачите заедно со ракометарите се радуваа на вредната победа која им го донесе првото место на табелата на Еурофарм Пелистер.
На трибините како и секој пат беа присутни и битолчанки кои сега се редовни навивачи на трибините, облечени во “зелено-бели“ дресови и шалови.
Сепак навивачката група “Чкембари“ на висина на задачата, а пофалба и за сите 4000 гледачи.
Низ фотографии ви ја пренесуваме атмосферата, а една фотографија кажува илјада зборови, а вечерва таа е фотографијата каде што пишува “Ова е Битола“.
Фотографии: Дамијана Ристевска и Сашо Ристевски 











