Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сообраќајка кај Лознани, викендов конролирани 1.264 возачи и возила – 146 возеле побрзо од дозволеното

На 23.02.2025 во  17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај с. Лознани, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 50 годишник од Битола и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 26 годишник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на пасатот, констатирани во Клиничка болница Битола, додека возачот на голфот, сопатниците во возилото „голф“ –  и две лица и малолетник од Битола, се здобиле до телесни повред. Увидот на местото  извршила увидната екипа на СВР Битола.

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, во текот на викендот (21/22/23.02.2025), продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата . Притоа, вкупно беа издадени 287 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 109 платни налози. Според статистичките показатели од вкупно 1264 исконтролирани возила и возачи,прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 146 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –27, како и 16 возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол. Покрај ова изречени се и 17 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 4 по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 31 непрописно паркирани возила.

More from ВестиMore posts in Вести »