Press "Enter" to skip to content

Надмоќ на Еурофарм Пелистер во Битола 60 минути, +13 за прво место во плеј-офот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Алкалиод 33:20 (16:11)

Вечерва во Битола пред полни трибини во “Боро Чурлевски“ македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер одиграа надмоќно дерби дуелот на колот против Алкалоид победувајќи со 33:2о, полувреме 16:11.Со оваа висока победа “пелистерци“ ја презедоа лидерската позиција на табелата, а има уште три кола, а ако се оди според планот ќе бидат во пол-позиција на стартот на плеј-офот.Во тимот на Еуеофарм Пелистер лидер вечерва беше Филип Кузмановски, а блескаше и репрезентативниот голман Никола Митревски, а фаќаше и “живи топки“. Еурфарм Пелистер одлично го отвори натпреварот и дојде до+5 (8:3). Разликата од пет гола беше на четири пати во продолжението од мечот беше пет гола разлика, 11-6, 14-9 па 15-10, а со голот на Хосни пред паузата првпат се поведе и на плус од шест гола.Со гол на Никола Маркоски на празна мрежа, на пауза Алкалоид замина со пет гола негатива (16-11). Следуваше период во кој гостинот ја стабилизира играта и по предноста на Еурофарм Пелистер од 11:6, постигна два гола во низа за минус три, 11:8.Избраниците на Алонсо до крајот на првиот дел не дозволија ривалот да има било какви шанси за кам-бек, лесно ги добиваа дуелите “еден на еден“ и на пауза заминаа со предност од 16:11.Как0 заврши првото, така “пелистерци“ го започнаа второто полувреме: За брзо беше +7, (18:11). Алкалоид ништо не можеша да одигра во напрад пред одбраната на Пелистер, а “пелистерци“ и погодуваа.

Во 35 минута поведе со 21:13, а по седум минути подоцна дојде и до 25:14, или +11. Високата предност домаќинот ја одржуваше и понатаму, на влезот во последните десет минути беше 26:16.Никола Митревски го заврши натпреварот со 12 одбрани и еден гол и беше главен на мечот, а кај стрелците, Филип Кузмановски имаше 11 гола, пред Богдан Радивојевиќ со осум реализации.

Фото: Сашо Ристевски, Дамијана Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »