Денес, четврток, 27 февруари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно. Во текот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 10 степени.
Утре, петок, 28 февруари, во Битола времео ќе биде променливо облачно. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 11 степени.






