Press "Enter" to skip to content

Едукативно предавање “Животот е проект“, предавачи проф. д-р Цвете Димитриеска и доц. д-р Александар Трајковски (фото)

Едукативно предавање  со наслов „Животот е проект“ се одржа во амфитеатарот на Техничкиот факулттет во Битола кое беше организирано од Македонско научно друштво и Техничкиот факултет Битола.Активностите на предавањето од  предметот проектен менаџмент ги реализираа проф. д-р Цвете Димитриеска и доц. д-р Александар Трајковски.На истото присуствуваа студенти од машинскиот отсек на Техничкиот факултет и средношколци од графичката и сообраќајна струка од СОУ “Таки Даскало“ Битола.Тие  имаа можност да слушаат за фазите на проектниот менаџмент, човековите ресусрси, но  и да поставуваат прашања и изнесуваат свои мислења и ставови на темата.Проф. д-р Цвете Димитриеска во својот дел ги опфати фазите на проектниот менаџмент кои во суштина може да бидат опишани  како фази во животот. Доц. д-р Александар Трајковски го опфати делот на човекови ресурси во проектниот манаџмент. Низ предавањето зборуваше за комуникација и комуникациски вештини, мотивација, лидерство, аспектот на влијанието, моќта  и авторитетот како однос помеѓу лидерите и човечките ресурси.Целта на активностите  беше да се доближи предметот Проектен менаџмент низ мото „Животот е проект“ и како секој ќе си го реализира како животен проект.На крајот се разви дискусија каде учесниците студентите и средношколците им поставија прашања на предавачите. Дел од нив беше и за тоа како секој да отвори свој сопствен бизнис?Интересно прашање на кое секој изнесе свој став и мислење. 

Жанета Ристевска 

More from ВестиMore posts in Вести »