Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Еурофарм Пелистер ќе има поддршка од битолчани во Берлин

Вечерва ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го одиграат предпоследниот натпревар во Берлин, Германија од групната фаза на ракометната Лига на шампионите.

“Пелистерци“ вечерва во 20:45 часот ќе играат против екипата на Фуксе Берлин и ќе се потрудат да обезбедат со поволен резултат пласман во наредната фаза. Како и на сите натпревари кои ги игра Еурофарм Пелистер низ Европа, така и овој пат ќе ја имаат поддршката од битолчани. Неколку мина битолчани дел од навивачката група “Чкембари“ отпатуваа за Берлин да ги бодрат ракометарите на Еурофарм Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »