Press "Enter" to skip to content

Одбележан меѓународниот ден на ретките болести

Општина Битола со поддршка и вклучување во повеќе активности, го одбележува Меѓународниот ден на ретките болести. Во рамките на овие активности во ОУ „Коле Канински“ во Битола, се одржа едукативна трибина на тема „Ретко е да си редок“, која имаше за цел да ја подигне свеста кај учениците да станат посвесни и поемпатични кон децата кои се соочуваат со ретки болести.На трибината, говореа д-р Маргарита Камбовска, педијатар, Симона Јовеска – лице со ретка болест и Николина Петроска, родител на дете со ретка болест. На трибината, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој нагласи дека, општината продолжува да биде поддршка за лицата кои се соочуваат со ретки болести.-Општина Битола распиша Јавен повик за финансиска поддршка на лица со ретки болести, со цел покривање на патни трошоци до болници надвор од Битола и поддршка за надминување на нивните секојдневни предизвици. Оваа мерка е наменета за лицата со ретки болести кои се наоѓаат во незавидна социјална и здравствена положба. Токму затоа, по работната средба со претставници на здруженијата на лица со ретки болести од Битола, беше согледана потребата од локална поддршка за оваа категорија граѓани и иницирав, а веќе трета година по ред се реализира активноста со која Општина Битола издвојува по еден милион денари за финансиска помош која веќе е системски вклучена во Програмата за социјална заштита на Општина Битола, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој нагласи дека и овие три дена, Саат кулата во Битола е осветлена во боите кои симболизираат поддршка на лицата со ретки болести.Денес, градоначалникот Коњановски, учествуваше и во настанот за поддршка на лицата со ретки болести кој го организира Гимназијата „Јосип Броз Тито“, во соработка со Здруженијата „Живот со предизвици“ и „Хепар центар“ од Битола.Во општина Битола регистрирани се околу 30 лица со ретки болести, а локалната самоуправа ќе продолжи активно да ги поддржува, како преку конкретни мерки, така и преку поддршка на нивните иницијативи.

More from ВестиMore posts in Вести »