Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер од Шкупи на гостувањето во Скопје

Шкупи – Пелистер 3:1 (1:0)

Екипата на Пелистер од Битола е поразена на гостувањето во Скопје од екипата на Шкупи, во рамките на 21. коло од Првата фудбалска лига на Македонија, со резултат 3:1, полувреме 1:0.

Мрежите на стадионот “Чаир“ мируваа до 44. минута кога Ибиши погоди за прв гол на Шупи по добро уфрлување од левата страна страна, за 1:0. 

Шкупи втприот гол го постогна во 68. минута, а тоа беше и втор гол на Ибиши, Во 75. минута “чаирчани3 погодија за 3:0 со голот на  Ајетовиќ.

Во 93. минута, одсносно во судиското време “пелистерци“ имаа пенал поради игра со рака, а пеналот во гол го претвори Мирко Ивановски за 3:1.

Пелистер со 23 бода останува на седмата позиција, а в среда во Битола доаѓа Воска Спорт.

More from ВестиMore posts in Вести »