Денес, среда, 5 март, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 14 степени.
Утре, четврток, 6 март, во Битола времето ќе биде утрото ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 14 степени.






