Утре во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола гостува екипата на францискиот првак Пари Сен Жермен – ПСЖ кој на клупата го има поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез, во последниот противник на Еурофарм Пелистер во сезоната во Лигата на шампионите.
На официјалниот прес зборуваше голманот Филип Ивиќ кој рече:
–Натпреварот нема голем значај, но морама да го оставиме срцето на терен, посебно заради прекрасната публика која ни дава поддршка цела сезона. Еве пак е распродадена салата за натпреварот против ПСЖ, што е убаво да се чуе. Сезонава играме многу добро во Лигата на шампионите, собравме осум бодови, така да ветувам дека ќе оставиме срце на терен. ПСЖ е една од најдобрите европски екипи, многупати сум играл против овој тим и добро ќе се подготвиме. На последните натпревари покажавме дека можеме да играме против големите екипи и со добра тактика во нападот и борбеност во одбрана, верувам во квалитетен натпревар.
-Овој натпревар треба да ни биде награда за оваа сезона и за тоа што собравме осум бодови во квалитетно одиграни натпревари. За нас овој натпревар има големо значање и сакаме да покажеме дека никој не е фаворит во Битола, вели хрватскиот голман.
Во првото соочување на двете екипи оваа сезона во Париз, ПСЖ славеше со 31:29.









