Денес на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа значаен настан во духот на хуманоста и солидарноста, крводарителска акција и панел дискусија под наслов „Маршрута на солидарноста“, организиран во соработка со Црвениот крст на Македонија.
Во рамки на настанот, со свои обраќања се претставија ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски и Генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити, кои ја нагласија долгогодишната соработка меѓу двете институции и беше доделена Јубилејна Плакета за Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, како признание за посветеноста на УКЛО во поддршката на хуманитарните активности.
Ректорот Недлковски по повод пригодата посочи дека – Мисијата е заедничка. Црвениот крст помага на оние кои имаат потреба од здравствена, социјална помош, а ние ги едуцираме нашите студенти да бидат човекољупци, да се грижат за другите, во нивната професионална пракса, секогаш да мислат на општеството, на своите соработници, комшии, пријатели, едноставно, како што реков, да бидат човекољупци.
-Наша идеја е да изградиме платформа за комуникација, посочи Саити. Ова што сега го правиме е отворање на нови видици, нови можности, една нова амбиција, и наша и на универзитетите, во обид да создадеме нови претпоставки за волонтирање на универзитетите, и секако, нешто ново што го промовираме е една содржина која ја нарекуваме Академија на Црвениот крст, како поширока платформа за солидарно и хумано дејствување.
Паралелно со крводарителската акција се одржа панел-дискусија модерирана од професорите: Никола Дујовски (Факултет за безбедност – Скопје, УКЛО) и Фадби Османи (Универзитет во Тетово) со панелистите: проректорот за наука, Горан Илиќ, Даниело Божиновски, студент на втор циклус студии на Правниот факултет и претседателката на ООЦК Битола, Лилјана Ристевска.
Панелот ја нагласи важноста на континуираната соработка меѓу универзитетите и хуманитарните организации, со цел поттикнување на младите во активности со алтруистички предзнак.
Збогатување на содржините на настанот е обезбедено со интерактивна сесија во која се приклучија претставници од Високата медицинска школа, пред. м-р Денис Арсовски и студентката Мелиса Комина, кои споделија свои искуства од хуманитарната работа.
Пријатна атмосфера беше постигната и со настапот на студентите од дебатниот клуб УКЛО КОЛОРС АргументУм, Стојанка Ќупчева и Валентин Стојановски, кои ги нагласија носечките доблести со кои се гради општество што е погрижливо, солидарно и хумано, каде што секој поединец ќе се чувствува поддржан и заштитен во тешки моменти.
Настанот е заокружен со изразена надеж и повик да се унапредува заедничката соработка. Како што беше истакнато – каде што има солидарност, таму хуманоста станува движечка сила на прогресот, што беше повик и до студентите на УКЛО и до прогресивното граѓанство.

Одржани крводарителска акција и панел дискусија – „Маршрута на солидарноста“, јубилејна плакета за УКЛО Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физичка пресетка во битолскиот затвор
- ОЈО Битола: Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки во битолско, извлечени вкупно над 60.000 евра, апел до граѓаните да не наседнуваат
- “Револуцијата на една хероина“ – силни пораки од младите од Битола на ораторски натпревар за 8 Март (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 12 степени
- Деновиве пред 10 години: во Битола одбележани 73. годишнината од страшниот ден на Холокаустот (фото)Деновиве пред 10 години: во Битола одбележани 73. годишнината од страшниот ден на Холокаустот (фото)





