Press "Enter" to skip to content

Со “Маршот на живите“, полагање на цвеќе и други активности одбележани 82 години од денот на депортацијата на Евреите од Битола

-Со поворката “Маршот на живите“ денес ви Битола се оддаде почит, а започна пред Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ во Битола, по Широк Сокак и паркот, се до железничката станица во Битола од каде што биле депортирани.Со неколку настани, денес во Битола беше одбележана 82 годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија, со поддршка на општина Битола.По посетата не Еврејските гробишта и комеморативната програма во просториите на Советот на општина Битола, бројни делегации положија цвеќе пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола и пред Споменикот на Естреја Овадија-Мара, во дворот на здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“.Во оваа пригода, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски истакна дека одговорноста на сите нас, како поединци и како општество во целина е да не дозволиме страдалните приказни од минатото да се повторат, да се бориме против неправдите, омразата и дискриминацијата.-Денес Битола оддава почит, 82-ра година по ред, од холокалустот, однoсно од депортацијата на над 3300 наши сограѓани: еснафи, млекари, занаетчии, сите оние кои ги споделувале битолските улици со жителите на градот. На тие мрачни моменти се потсетуваме денес и ова е незаборав за се она што било заедничко живеење во овој град, град на мултикултурата.  Уште една опомена до сите нас дека соживотот нема цена, дека пријателството, заедништвото, мирот и соработката се атрибутите кои треба да ги почитуваме секојдневно, посочи Коњановски.Одбележувањето заврши на железничката станица во Битола, од каде што пред 82 години, 3.351 припадник на битолските Евреи, беа депортирани  во логорите на смртта.

More from ВестиMore posts in Вести »