М-р Наташа Поповска е одговорен, инженер проектант во РЕК Битола деновиве беше дел од курсот за “Развој и мерење, известување и верификација на проекти за јаглеродот базиран во природата“, кој се одржа во Сингапур.
Курсот беше организиран во рамките на програмата “SCP“ (Singapore Cooperation Programme), управувана од Дирекцијата за техничка соработка на Министерството за надворешни работи на Сингапур, а предавањата реализирани во Националниот универзитет на Сингапур – центар за климатски решенија базирани на природата (NUS-CNCS).
Концептите и стратегиите кои можат да бидат искористени за развој на проекти базирани на природни решенија за справување со климатските промени биле фокусот на курсот. Природните решенија за климатски промени кои вклучуваат употреба на природните еко-системи, како што се шумите, влажните зони, земјоделските површини и морските еко-системи, за апсорпција на јаглерод диоксид и намалување на вкупниот глобален ефект на климатските промени.
За импресиите од овој несекојдневни ангажирање Поповска вели:
-Видливоста на претходно потенцирани решенија најмногу се видливи преку супердрвјата (Supertree Grove), а тоа се импресивни високи стебла кои се синтетизирани со технологија за да ги искористат обновливите извори на енергија и создаваат осветлување за време на ноќта, а секако таму се и: “Flower Dome и Cloud Forest“ – два огромни стакленици, каде што можете да разгледате растенија од различни климатски зони. “Cloud Forest“ има замрзнат водопад и одење по патеки на висина. “Gardens by the Bay“ природен парк кој е дом на импресивните “Supertrees“, високите структури во форма на дрвја кои помагаат да се собере сончевата енергија и да се прочистува воздухот. “Supertrees“ (или „супер-дрвја“) се еден од највпечатливите и најиконските елементи на “Gardens by the Bay“ во Сингапур, вештачки структури познати по својата иновативна архитектура и биофизичка функција, а истовремено претставуваат и симбол на природата и одржливиот развој.
Инаку, појаснува Поповска “Supertrees“ се високи вертикални градини со структура во облик на дрво, кои се изградени од челични рамки и покриени со растенија. Тие имаат височина од 25 до 50 метри и се насадени со разновидни видови на растенија, (маховини, цвеќиња и други тропски растенија). Овие вештачки “дрвја“ не се само естетски интересни, туку и функционални во поглед на одржливоста и екологијата. Растенијата кои ги покриваат се користат за одржување на ладовина, како и за апсорпција на CO2. Структурите се проектирани да се интегрираат со природата и истовремено да служат како био-генератори, се снабдуваат со енергија преку соларни панели сместени на врвот на дрвјата кои собираат сончева енергија која се користи за осветлување на дрвјата ноќе, како и за напојување на разни енергетски потреби во паркот. Внатре во рамките на секое од “Supertrees“ има инсталиран систем за собирање и складирање на дождовница, која се користи за наводнување на растенијата и други потреби во паркот, што ги прави “Supertrees“ дел од еколошкиот круг на “Gardens by the Bay“, исто така играат важна улога во контрола на микроклимата во “Gardens by the Bay“, создавајќи сенка, која помага да се намали температурата во паркот и да се создадат пријатни услови за посетителите.
-Секоја вечер, “Supertrees“ се претвораат во еден од најзабавните делови на “Gardens by the Bay“ со светлосно шоу. “Garden Rhapsody“ шоу кое користи светло, звук и технологија за да ги претвори дрвјата во нешто магично, создавајќи неверојатно визуелно искуство. Создадени се со цел да покажат како технологијата и природата можат да се интегрираат и да функционираат заедно. Тие не се само уметнички инсталации, туку имаат важна улога во подобрувањето на животната средина на Сингапур. Овие структури помагаат во намалувањето на урбаното загревање и загадувањето, создавајќи поцелосен и одржлив градски амбиент, вели Поповска.Поповска истакна дека во текот на обучувањето, биле опфатени низа теми, вклучувајќи: наука и политика на пазарите на јаглерод, стандарди и методологии за мерење, проектен циклус, дизајнирање на ко-придобивки, ангажирање со засегнатите страни, финансирање на проекти, како и анализа на член 6 од Парискиот договор. Особено бил ставен акцент на важните аспекти за развојот на овие проекти, како и процедурите за мерење, известување и верификација (MRV), кои се клучни за осигурување на точност и доверливост на податоците за намалување на емисиите.
-Ова искуство беше исклучително важно за моето професионално усовршување, бидејќи овие концепти може да бидат применети во развојот на локални и национални стратегии за справување со климатските промени. Се запознавме со процесите на креирање, имплементација и мониторинг на проекти што може да се користат за трговија со кредити на јаглерод и ефективно придонесување кон глобалните климатски цели. Природните решенија за климатски промени претставуваат одлична можност за нашата земја да ја подобри стратегијата за справување со климатските предизвици, додека истовремено создава економски и еколошки придобивки. Развивањето на проекти за намалување на јаглеродот, имплементацијата на MRV системи и подобрувањето на земјоделските практики, може да биде клуч за одржливо и ефективно справување со климатските промени, вели Поповска.
Сингапур одамна се соочил со оваа “главоболка“ нештата ги зел во свои раце и денес вешто се справува со проблемот и несебично врши десиминација со своите искуства кон секој кој има потреба од позитивни искуства. Инаку, Сингапур е островскиот град-држава во Југоисточна Азија, кој се наоѓа на јужниот дел на Малајскиот полуостров, островска земја составена од 63 острови, високоурбанизиран, и земја скоро половина покриена со зеленило, а копно создадено преку мелиорација.






