Press "Enter" to skip to content

Одбележани 126 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во воена гимназија во Битола (фотогалерија)

Во НУ Завод и музеј Битола се одржа свеченост на која беше одбележана 126 годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија.На одбележувањето присуствуваа Н.Е. Фатих Ујусој – амбасадорот на Република Турција во Македонија, военото аташе – полковник Реџаи Илмаз, бригадниот генерал Топер, новиот командант на Командата за операции во АРМ – Мирче Ѓоргоски, почесниот конзул на Турција во Македонија – Ајдован Адемовски, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, почесниот конзул на Црна Гора – Миодраг Андријашевиќ, претставници од Министерството за одбрана и единиците на Армијата и други гости.Настанот започна со минита молчење во чест на Мустафа Кемал Ататурк и интонирање на химните на Турција и Македонија, по што збор зеде военото аташе – полковник Реџаи Илмаз кој ги поздрави присутите и рече:-Би сакал да изразам благодарност до властите во Турција и Македонија за организирањето на оваа значајна церемонија во спомен на Мустафа Кемам Ататурк, кој израснал во оваа земја и е нејзнино дете. Постои соработка меѓу Турција и Македонија која ја црпи својата доверба од заедничката историја и култура, сестраните односи засновани на взаемно почитување  на дипломатските, воените, трговските, образовните и културните полиња меѓу двете земји кои продолжуваат да растат. Турција е првата земја на балканот која ја призна Македонија под незјиното уставно име со сопствен национален идентитет и отвори своја амбасада. Турција гледа на Македонија како неопходен елемент за траен мир на Балканот, и додаде:-Нашиот вечен командант Гази Мустафа Кемал Ататурк во дестките години, во последната година од Солунската воена школа, по препорака на неговиот учител – потполковник Хасан Беј, кој ценел дека ќе добие подобро образование, дошол во Битола, во Воената Гимназија. Овој град како еден од најзначајните културни центри на Балканот, има многу важно место во формирањето на личноста на Гази Мустафа Кемал Ататурк, а културната клима која ја вдишал во овој град и образованието кое го стекнал во Воената гимназија во Битола играат голема улога во формирањето на неговата национална и историска свест. Гази Мустафа Кемал Ататурк следејќи ја наставата од искусни учители во тој период, почнува да  ја формира својата интелектуална свест во Гимназијата каде што дипломира и Воената Идадија во Битола има големо значење во неговата личност откако станува голем командант и државник.Новиот командант на Командата за операции во АРМ – Мирче Ѓоргоски во своето обраќање рече:-Ми претставува чест и задоволство да присуствувам на прославата на 126 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк, во средното воено училиште во Битола. Нема поубава прилика и чест да се биде токму овде во градот на конзулите, во градот на традицијата, културата и уметноста, градот музеј на Балканот и пошироко, опеаната и прекрасна Битола која е горда што живеел и творел и се образувал творецот на модерна Туцрција – Гази Мустафа Кемал Ататурк. Ние во Македонија со особена чест истакнуваме дека имаме обврска се грижиме за делото на Ататурк кој во еден дел период од неговиот живот живеел во Битола се школувал во воената Идадија. На тоа секако не обврзуваат неговит дела кои ги надминуваат границите на Турција. Има многу да се каже за човекот кој бил визионер, човекот кој направил коренити и позитивни промени во својата татковина и бил далеку пред своето време и втемелувач на трајните демократски вредности како што ретко се појавува во историјата на човештвото. Јас како генерал, припадник на Армијата морам да нагласам дека Ататурк бил и ќе остане голема инспирација за сите сите воени лидери.Гостите ја посетија и спомен собата на Ататурк во Музејот во Битола, а потоа се запишаа во книгата на спомени.

Текст и фото: Сашо Ристевски