Press "Enter" to skip to content

Средношколци и студенти со цвеќе, и свеќи, и солзи во очите, оддадоа почит за загинатите врсници во Кочани (фотогалерија)

-На младоста, не само во Битола и прилега да живее, да учи, да се радува, да се смее, да се заљубива, да спортува… а не да пали свеќи за свои врсници, кои сите ние ќе ги “носиме на душа“…

Точно како и се договорија преку социјалните мрежи средношколци и студенти од Битола се собраа во 14,30 часот на плоштадот “Магнолија“ во Битола за да им оддадат последна почит на своите трагични починати врсници од Кочани.Младите, иднината на Битола тагува по загубата, по трагедијата која не снајде, а тагата ја искажаа достоинствено, како и доликува да биде еден млад битолчанец, а својот револт кон она што ни се случуба најдобро го искажаа преку транспарентите на кој пишуваше “Кога умира младоста, умира иднината“ и “Светлината на младите не смее да згасне толку рано”…Средношколци и студенти и битолчани запалија свеќа и положија цвеќе на споменичниот комплекс “Филип Втори“, во најголема тишина и ред, а голем број од нив не можеа да ги скријат солзите порафи големата трагедија која вчера ја снајде Македонија.Пораките од младите битолчани, не го кажаа гласно, бидејќи се беше во најголема тишина, туку ги искажаа со транспаренти на кои ги носеа и ги иставија, а на кои пишува: “За туѓи бели дворови, копај си црни гробови”, “Кога умира младоста, умира иднината“…“Не умираме од несреќи, умираме од корупција”, “Врските убиваат!”, “Последна почит за ангелите од Кочани”, “Ако утре ме нема ејј”, “Ќе немаше толку крв, да беше се по закон”, “Светлината на младите не смее да згасне толку рано”…И за утре за закажани собири во Битола за почит за загинатите млади.

Фото: Дамијана Ристевска