Денес во 10 часот ќе започне седница на Советот на Општина Битола на која ќе се носи одлука за помош на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.
На денешната вонредна седница ќе се утврди сумата за соодветната финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот.