Со свечена седница која започна со едноминутно молчење за трагично загинатите во пожарот во Кочани денеска се одбележаa 29 години успешнo постоење и функционирање на Општина Новаци.
Градоначалникот и Советот на Општина Новаци доделија еднократна парична помош за настраданите во износ од 300.000 денари.
Оваа година Денот на Општина Новаци се одбележа со скромни активности меѓу кои полагање на цвеќе на гробот на Пеце Матичевски, кој загина во конфликтот во 2001 година.
Потоа градоначалникот и претставници на Општина положија на цвеќе пред бистата на Славко Лумбарковски во основното училиште во Новаци, чиј патронен празник исто така се празнува денес, рецитал, историски час, ликовна изложба и доделување на благодарници на учениците за најдобри достигнувања.

Општина Новаци одбележа 29 години постоење
More from ВестиMore posts in Вести »
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Европа поблиску преку јазиците, културата и виртуелното учење – со УКЛО КОЛОРС
- Денес православните верници ја прославуваат света Петка или Црна света Петка
- Во Битола променливо облачно, температурата до 13 степени
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар





