Денес во Офицерски дом во Битола започна одбележувањето на големиот јубилеј – 80 години од постоењето на НУУБ „Свети Климент Охридски“ – Битола, со одржување на панел дискусија на тема „Значењето на библиотеките за културниот живот и образованието во заедницата“.
Панел дискусиијата ја отвори директорката на Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ Битола, м-р Емилија Стефановска – Давкова која рече:
-Пред јубипејната недела ја започнуваме со оваа панел дискусија на која ќе проговориме со сите вас кои сте истакнати лица во образованието и културата во Битола. Ќе елаборираме на темата „Значењето на библиотеките за културниот живот и образованието во заедницата“. Оваа панел дискусија е стартот на пред јубулејната недела, но ние ќе имаме и други настани кои не можевме да ги вметнеме во официјалната програма за јубилејот, а свечената академија ќе биде в петок во свечената сала на Офицерски дом.
Дискусијата е дел од проектот „Промовирање на значењето на библиотеката како културна и образовна институција во заедницата – 80 години постоење на Битолската Библиотека“, а за овој проект зборуваше Фатма Бајрам Аземовска.
Пред стартот на панел дискусијата проф. д-р Александар Стерјовски на Универзитетската боблиотека му подари 13 стари книги кои во текот на работиот век му биле подарени од битолчани.
На панел дискусијата свое учество како панелист имаше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој нагласи дека библиотеките имаат значајна улога за едукацијата и изградбата на младите личности, но и за заедницата во целина.
-Библиотеката е длабоко поврзана со моето детство. Период кога се натпреварувавме кој ќе има повеќе испишани графи од оние книшки во кои се запишуваа земените книги и кој побрзо ќе ја смени таа книшка. Во тој период често одевме трчајќи во одделението на библиотеката на улицата “Маркс и Енгелс“, но подоцна и во сегашната библиотека, по разни поводи и настани. Би сакал и сега, што повеќе деца да се вратат кон читањето и книгата. Во ова време, кога доминираат електронските уреди, телевизијата, интернетот, мобилните телефони, искрено се радувам кога ќе видам дека некое дете чита. Денес, како локална самоуправа имаме одлична соработка со библиотеката и при секое влегување во овој храм на книгата, мирисот на книгата ви ги враќа спомените, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски во дискусијата.
Свои обраќања имаа и проф. д-р Игор Неделковски, ректор на УКЛО, проректорот проф. д-р Горан Илиќ, Снежана Петровска од Општина Битола, доцент д-р Анита Ангелевска.
Д-р Светлана Талевска и д-р Николче Вељановски зборуваа како вработени во НУУБ „Св. Климент Охридски“.
За „Младинската перспектива: дигитална трансформација и мотивација на млади корисници“, говореше Викторија Брдаровска, претседател на Локален младински совет на општина Битола.
Утре 26 март (среда), е доделување на награди во просториите на Библиотеката, во 12 часот, како признание за: најпосветените читатели, најдобрите библиотечни приказни, роднокрајните автори, како и благодарници за поранешните вработени. Потоа ќе се одржи промоција на книгата: „Епски ехо: Поезијата на меморијата на слободата од а тор: Игор Трајковски – Фоја со почеток во 18 часот.

Со панел дискусија започна одбележувањето на 80 години Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
More from КултураMore posts in Култура »
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- „Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември
- Една сцена, безвременски хитови: „Now We Are Free“, „Barcelona“ и „The Ecstasy of Gold“ во Скопје
- Од светските сцени до полноќните приказни на Битола
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)









