На 25.03.2025 во 12.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Маврово“ и ул. „Цар Самоил“ во Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44 годишник од Битола, удрило во пешак на возраст од 65 години од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во болницата во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 26.03.2025 во 01.00 часот на ул. „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 30 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.03.2025 во 15.50 часот во СВР Битола, 74-годишен битолчанец пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил физички нападнат од неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 25.03.2025 во 16.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 24 годишник од Битола, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.






